Во Индија не се замараат со процедури, пресумпција на невиност, фер судење и слично. Полициска бруталност? Уште помалку. Те фатат ли како крадеш, полицијата те млати на лице место, и тоа така брутално и понижувачки за да ги памтиш до крај на животот.
Видеово е прилично вознемирувачко. Гледајте го на своја одговорност.
Од друга страна, ништо не ти гарантира дека истото нема да те снајде и ако не си џепчија. На линков ќе најдете галерија од фотографии направени при еден протест што настана после серија групни силувања.
А кога веќе спомнавме протестна полиција, дечките се вооружени со чатали со џамлии и бомби со лут пипер, како увертира за гумените куршуми.