Шраубата на Стојанче Стоилов на мечот со Германија е избран за (досега) најубавиот гол на тековното Европско првенство во Хрватска.
Стоилов стана специјалист за вакви удари, дури и досаден е веќе (никогаш), а ова беше само шлагот на тортата.
Меѓутоа, пред многу години, години кои дел од денешнава младина не ги памети, имавме и еден друг Столе Стоилов со очи на тилот. Се викаше Индира Кастратовиќ.
Кога Кастратовиќ даде сличен ваков гол, тоа беше во СРЦ „Кале“, 2001 година, кога Кометал Ѓорче Петров стана клупски ракометен шампион. Моментот е некаде од 0:28 во видеото:
Е сега, не сме многу суеверни, ама да не сака некој нешто да ни каже со голов на Столе? Да не пробува универзумов да ни пушти спојлер дека на крајот… можеби… Македонија… ќе биде прва?