Дали се сеќавате на времето кога имавте 20 години?
Тоа е неверојатен период од животот. Во рамките на десетина години, завршувате факултет, наоѓате сопствен дом, започнувате со работа, живеете живот како возрасни … Кога имате 20, го гледате животот на друг начин. Корисниците на Quora разговараа на прашањето какви се митовите за животот, во кои веруваат 20-годишните.Еве 10 од нив:
Немам работа, ме отпуштија и тоа е страшно
Всушност, не е. Ова се случува. Ако ве отпуштат, ќе најдете друга работа. Ако дечко ви ве шутнал, ова ќе ви овозможи да продолжите напред и да ја дознаете разликата помеѓу добра и лоша врска. Отфрлањето е важен дел од животот.
Ќе мислам на здравјето понатаму
Лесно е да не се спортува, да се пуши и да се пие многу алкохол, кога на 20 тоа не се одразува на надворешниот изглед. Сите штети кои сте му ги нанеле на организмот сепак, ќе бидат почувствувани од вас подоцна и ќе бидат наплатени со камата.Важно е уште од млади да си создадете навика за здрава исхрана и да спортувате редовно.
Ако сум добар на факс, ќе бидам и на работа
И спротивното е точно – не мора да сте ѕвезда, за да успеете. Теоријата и практиката се две различни работи.
Сакам да им се допаѓам на сите
Каролин Чо вели: „Посакувам порано да сфатев дека не е важно да им се допаѓам на сите и да не трошев толку многу енергија за луѓе кои не заслужуваат .”
Образованието ми ги дава сите одговори
Образованието е важно, но тоа нема да ве подготви за живот. Самиот живот е најдобар учител.
Ако се преселам, ќе бидам среќен
Многу млади луѓе мислат дека ако одат во Њујорк (или друг поголем град) или ако се преселат во нов, елегантен стан, тоа автоматски ќе го направи нивниот живот подобар. Среќата доаѓа внатре од вас – вие ја создавате и тоа не зависи толку од надворешната околина, колку што мислите.
Конкуренцијата е поважна од соработката
Многу луѓе, особено во академските и професионалните кругови мислат дека силната конкуренција е нешто најдобро. Таа навистина е важна сила која води кон прогрес, но најважно е да научите да соработувате.
Морам да правам пари
Премногу 20-годишни луѓе им придаваат на материјалните знаци на благосостојба многу поголема вредност отколку што би требало. Подоцна ќе сфатите дека никогаш нема да сте целосно задоволни од вашата плата – секогаш ќе сакате повеќе пари, убава куќа, итн.
Прочитај повеќе: Милион. Два милиони. Јахта. Поголема јахта
Инвестирам само во она што ми носи добивка
Патувањата низ светот се многу подрагоцени од најскапиот автомобил во гаражата. Мислите дека зборувањето е поважно од искусувањето? Ќе бидете изненадени колку може да дознаете ако ја затворате устата и едноставно слушате и го набљудувате светот околу вас.
Нема краен рок
Кон крајот на 20-те години младите паѓаат во депресија од фактот дека ќе наполнат 30 и ќе бидат веќе „застарени“. Сосема ОК е, ако имате 29 години и се уште не сте ја пронашле најдобрата работа за вас. Не треба да брзате – пронајдете го вистинското темпо за живот и следете го – немате крајни рокови.