Младата српска пејачка Катарина Живковиќ е жив пример дека Фотошоп може да „осакати“ човек.
Таа на Инстаграм објавила доста обработена фотографија на која не личи на себеси.
Освен што го издолжила лице, Катарина невешто ги обоила очите, што резултирало со малку застрашувачка фотографија. Дури и нејзините обожаватели приметиле дека нешто не е во ред, па се обиделе да ѝ алудираат во коментарите дека „нејзините очи се малку чудни“.
Но, младата пејачка не била задоволна со пренагласените усни и фиксираниот поглед во празно, туку додала и „змијски очи“.
Можеби таа сака да каже дека е опасна како змија… Дали оваа фотографија ја прави „поубава“ пресудете сами.