Велат дека животот е најсреден на 40 години. Податоците од новото истражување направено во Велика Британија, сепак откриваат дека луѓето го достигнуваат врвот на среќата 12 години подоцна, на 52-годишна возраст.
Над 50 проценти од учесниците во анкетата на социјалната мрежа Silversurfers.com споделиле дека по јубилејната 50-ка се чувствуваат позадоволни од животот и сметаат дека можат да се справат со секоја ситуација во која тој ги става.
Љубовта исто така ги исполнува со поголемо задоволство од било кога. Над една третина од испитаните, не кријат дека го ценат својот партнер повеќе од сè. Резултатите од истражувањето покажуваат дека една четвртина од луѓето на средна возраст се чувствуваат во просек 14 години помлади .
Анкетата открива и за што најмногу жалат луѓето над 50 години. Најголем процент – една четвртина од учесниците во анкетата, изјавиле дека најмногу жалат што не го запознале доволно светот. Една петтина од анкетираните 1.000 лица веруваат дека се во брак со погрешни луѓе. Еден на секои шестмина жали што не избрал различен професионален пат. И покрај сите овие моменти сепак, врвот на задоволство од животот им се случува на 52 години.
На оваа возраст насобраното животно искуство им овозможува на луѓето да се справат со различни ситуации. Чувството на среќа се засилува, како и од фактот дека тие престануваат да бидат заинтересирани за туѓото мислење и се занимаваат само со работи кои им се пријатни.
Средовечните луѓе, исто така се радуваат на универзално почитување и имаат повеќе слободно време. И иако дел од индивидуите на средна возраст не се добро подготвени финансиски за старост – речиси 30 проценти признаваат дека немаат никакви заштеди, тие го задржуваат оптимизмот и планираат патувања во подоцнежна фаза.