Сите родители се соочени со оваа дилема, особено сега кога мобилните телефони и компјутерската технологија се лесно достапни, па затоа вистинско прашање е кога да му го купите првиот мобилен телефон на вашето дете.
Според психолозите најважно е пред да ја донесете таа одлука да поразговарате со вашето дете, да му објасните кои се одговорностите кои ги носи овој уред, како и неговата цена и границата до која може да потроши пари за сметката. Се споменува возраст од најмалку 12 години, но веќе е вообичаено децата уште од мали да користат смартфони за игри и апликации, па затоа психолозите велат дека тоа се зависи од зрелоста на детето.
Исто така никогаш не треба да подлегнете на притисокот со тврдењето „сите други деца имаат“ бидејќи мобилниот воопшто не е играчка, а тука се и ризиците од губење на концетрацијата при учењето, занемарување на обврските и преголемо време поминато на мобилен во допишување или пак играње игри.
Затоа се препорачува пред да му дозволите на детето да го има првиот мобилен да му укажете на сите обврски и одговорности кои треба да ги сноси, да внимава на висината на сметката и гледајте да купите поевтин модел за почеток, па затоа поставете „пробен период“ во кој ќе оцените како се однесува со телефонот, пред да добие целосен пристап и самостојно да одлучува за својот мобилен.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk.