Кое знаме „изгорело“ најмногу пати на Балканот?

На интернет се појави демотивациска страна, на која што корисниците можат виртуелно со палење на знаме да покажат која држава намногу ја мразт.

Страната  Flag Burnig World на сите им овозможува да запалат знаме на некоја држава, се разбиира, виртуелно.

Корисниците засега запалиле речиси 50 милиони знамиња, а македонското знаме изгорело повеќе од 78.800 илјади пати.

Пламенот настанува со еден клик, а бројките постојано се менуваат.

Во момнетот на оваа статија, од Балканот најмногу е „палено“ грчкото знаме, 179.000 пати, а по него албанското со 112.000.

Веднаш по нив се Србија, Босна и Словенија со нешто повеќе од 100.000 пати, па понатаму Бугарија, Хрватска и Косово, со околу 90.

Најмалку пати од Балканот е запалено знамето на Црна Гора, 78.000

Бидејќи постојано се менуваат бројките, најновите можете да ги видите ТУКА.

- Реклама -