Коцки мраз што ќе ве чуваат трезни (видео)

Дарија Данд, дипломиран студент на Институтот за технологија во Масачусетс, во ноември се препил алкохол, а по неколку часа се разбудил во болница. Некои тоа би го сфатиле како предупредување да се откажат од алкохолот, но Данд, направил нешто подобро – коцки мраз кои што ве предупредуваат кога ќе претерате со алкохолот.

Како што пишува ’Huffington post’, коцките се направени од желатин и содржат инфрацрвени трансмитери и ЛЕД лампи кои што ја менуваат бојата од зелена преку портокалова до црвена во зависност од испиената количина алкохол.

Светлечките коцки мраз притоа пулсираат во ритамот на музиката за целиот процес да остане забавен.

Доколку го игнорирате предупредувањето и продолжите со пиење, коцките со помош на трансмитерите испраќаат СМС порака на пријателите.

Данд првично не планирал да го комерцијализира својот изум, но по бројните позитивни реакции на неговиот видео запис на Интернет го сменил мислењето.

Тој работи и на други интересни проекти како што се паметни чевли кои им помагаат на луѓето да го најдат својот пат во непознат град или дисплеј кој прави тродимензионални предмети.

- Реклама -