Со евентуален успех против Ирска, Ерменија ќе успееше да обезбеди место во баражот од квалификациите за Европското првенство. Но, не само што нивниот голман беше неправедно исклучен во 26-та минута, туку и Алексанјан постигна ефектен автогол со кој ја запечати судбината на својата репрезентација. На крајот, Ирска победи со 2:1 и ќе има шанса да се бори за место на завршниот турнир следната година.
{youtube}LJIaSBmlvGI{/youtube}