Коалицијата „Можеме“ во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 36.42% наспроти 35.31% од гласовите

Според податоците кои ДИК поради проблеми со платформата rezultati.sec.mk ги стримува на YouTube, од досега обработени 76.19% од гласачите и 81.98% од гласачките места, резултатите за освоените гласови се следни:

Коалиција „Можеме“ (СДСМ и Беса) – 36.42%
Коалиција „Обнова“ (ВМРО-ДПМНЕ и други) – 35.31%
ДУИ – 10.93%
Алијанса за албанците – Алтернатива – 8.46%
Левица – 3.98%
ДПА – 1.41%
Интегра – 1.35%

Останатите партии имаат помалку од 0.5%.

Ова се податоците по обработени 1,382,299 од вкупно 1,814,263 гласачи, и 2,853 од вкупно 3.480 избирачки места. Податоците постојано се ажурираат.

- Реклама -