„Друга приказна #9“ ќе се одржи од 30 август до 01 септември во Чифте Амам, Јадро, Ла Кања и Кафе Станица.
Фестивалот ќе започне во петок во 19.00 часот во Кафе Станица со промоција на првите пет тома (25 мали книги) на новата едиција OK.NO. и разговор на Александра Бубевска со Никола Гелевски на тема „30 години Маргина, 15 години Окно“.
Во 21.00 часот ќе се одржи книжевен натпревар со мали фикции, на тема: „Туѓо тело“, каде ќе учествуваат: Ѓурѓица Чилиќ, Маријана Чанак, Томислав Марковиќ, Будимка Поповска, Хана Корнети и уште десетина писател(к)и од Македонија и регионот. Водител е Владимир Лукаш.
Во сабота на 31 авгувст во Центар Јадро од 12.00. до 17.00 часот ќе има отворена работилница за современ вез, „Текстилен весник“, со Милица Дукиќ од Нови Сад. Во Чифте Амам во
19.00 часот ќе има разговор со Адел Зиад (Назарет) и водителот Артан Садику, како и Промоција на „Маргина # 96“ посветена на Палестина. Промотор ќе биде Здравко Савевски.
Во 20.00 часот ќе има разговор на тема „Што нам ни значи Палестина?“ на кој ќе учествуваат Јерко Бакотин од Сплит, Семездин Мехмединовиќ од Сараево, Никола Гелевски и Артан Садику. Водител е Фросина Крушкаровска.
„Вечер на лауреатот“ со Семездин Мехмединовиќ и Никола Гелевски како водител ќе започне во 21.30 часот.
Фестивалот продолжува во Ла Кања во 22.30 часот со музичката програма во која ќе настапат Дуда Буржујка, Хана Корнети, Фортуна…
Во недела, на 1 септември во Центар Јадро во 17 часот ќе има изложба и презентација на
Милица Дукиќ: „Текстилен весник“. Во Кафе станица од 18.00 до 20.30 часот ќе следат серија разговори со писател(к)ите Ѓурѓица Чилиќ од Загреб, Маријана Чанак од Суботица, Томислав Марковиќ од Белград, Јерко Бакотин од Сплит, Дуда Буржујка од Ниш… Водителки се Калина Малеска и Љупка Евроска.
Во 21.00 часот ќе започне промоцијата на книгата „Каде припаѓам?“ која е произлезена од конкурсот за стрип на Хера и Темплум. Фестивалот завршува со доделување на наградите на Луција Давиткова, Гаја Смилевска и Сара Ангеловска.