Gone with the wind, The Reader, Sense and sensibility, Harry Potter, Lord of the rings, Memoris of а geisha, Slumdog Millionare, Wuthering Heights, The Great Gatsby….
Многу одлични филмови се адаптирани врз литературни дела.
Во продолжение уште десет.
Реквием за еден сон – Requiem for a Dream, 2000
Во режија на Дарен Арнофски, со номинација за Оскар. Филмот е инспириран од истоимениот роман на Хјуберт С. Џуниор, напишан во 1978 година.
Форест Гамп – Forrest Gump, 1994
Култно остварување, добитник на дури шест Оскари. Оригиналната приказна му припаѓа на Винстон Грум, 1986 година.
Кум – The Godfather, 1972
Уште едно ремек дело кое своето постоење и го должи на книжевноста. Марио Пузо својот роман „Кум“ го напишал во 1969 година.
Кога јагнињата ќе стивнат – Silence of the lambs, 1991
Доктор Ханибал Лектор, што му донесе врвна улога на Ентони Хопкинс, изникна од перото на писателот Ромас Харис.
Кога јагнињата ќе стивнат е всушност вториот роман за Лектор. Овој брилијантен психијатар и суров сериски убиец за прв пат се појавува во 1981 година во романот „Црвениот змеј“.
Сјаење – The Shining, 1980
На љубителите на Стивен Кинг, прочуениот американски писател оваа информација сигурно им е позната. „Сјаење“ е само еден од романите на авторот кои доживеале филмска адаптација. Кинг е еден од писателите кои Холивуд едноставно ги обожава.
Ајкула – Jaws, 1975
Кога Питер Бенчли потпиша договор за екранизација на својот роман не ни сонуваше каков успех ќе доживее адаптацијата. Филмот поради големата популарност доби три продолженија.
Појадок кај Тифани – Breakfast at Tiffany’s, 1961
Ликот Холи Голајтли во црниот фустан и со муштикла во раката е првата асоцијација за прочуената холивудска актерка Одри Хепберн. Пред да биде овековечена на големото платно, Холи постоеше како литературен јунак во најпознатиот роман на Труман Капот, напишан во 1958 година, и секогаш била, според зборовите на самиот писател, неговата омилена креација.
Шиндлерова листа – Schindler’s List, 1993
Ликот на Оскар Шиндлер во филмот во режија на Стивен Спилберг е инспириран од романот на Томас Кенелиј во 1982 година. Биографскиот роман е создаден да го овековечи животот и делото на Шиндлер, кој во Втората светска војна спасил повеќе од илјада Евреи вработени во неговата фабрика.
Шиндлерова листа денес важи за еден од најдобрите филмови воопшто и најдобар на тема која го вклучува истребувањето на Евреите.
Неприлагодена – Girl, Interrupted, 1999
Филмот во режија на Џејмс Манголд, во кој главните улоги ги толкуваат Виона Рајдер и Анџелина Џоли, е филмска адаптација на истоимениот мемоар на Сузан Кејсен (1993).
Пијанист – Pianist, 2002
Филмот на Роман Полански, базиран на вистината приказна опишана во мемоарите на полскиот композитор со еврејско потекло, Владислав Шпилман, прв пат е објавена под името „Смртта на градот“ во 1946 година.