Книгата што најпрецизно ја предвиде иднината (денешницата)

Напишана е во 1969-тата година, а го предвидува животот во 2010-тата. Научната фикција не баш ретко се покажува успешна во предвидувањето на футуристичките изуми, технологии и начини на живеење, но „Stand on Zanzibar“ на Џон Брунер е чекор понапред. Дел од фиктивните идеи на Брунер невообичаено прецизно, па дури и морничаво, го отсликуваат животот во денешницата, речиси во сите аспекти – од глобалните економски состојби, преку најслушаната музика, па до претседателот на САД.

 

ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕВРОТО

1

Во книгата, Европа формира унија со цел да ја заштити и обезбеди финансиската стабилност.

 

ХОНДА СТАНУВА ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ

2

Во 1969-тата, приоритет на Хонда било производство на мотори. Автомобилите биле некаде подолу на листата.

 

ЕЛЕКТРОНСКАТА ДЕНС МУЗИКА ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМЕ МЕЈНСТРИМ СЦЕНАТА

3

Со толку многу електронски жанрови и иновативните движења во електронската музика, не сме многу далеку од предвидувањата на Брунер.

 

ТУТУНОТ ПОЛЕКА ИЗЛЕГУВА ОД УПОТРЕБА

4

Заради здравствените ризици кои уште тогаш се поврзувале со тутунот, Брунер предвидува дека луѓето полека ќе започнат да го избегнуваат и дека на него ќе се гледа со неодобрување.

 

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА

5

Одрекувањето од тутунот го отвара патот за марихуаната. Нејзината употреба полека пенетрира во мејнстрим културата и секојдневниот живот, и постепено станува легална.

 

ДЕТРОИТ ВО РУШЕВИНИ

6

Денес, Детроит е синоним за економска пропаст и бледа сенка од некогашната просперитетна метропола.

 

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА

7

Иако не спомнува локации и конкретни настани, Брунер предвидува дека во иднината ќе има вооружени напади врз училиштата, како и непредизвикани чинови на насилство, без некоја конкретна причина.

 

ВИДЕО ПОВИЦИ

8

Во книгата, луѓето комуницираат преку екрани и можат да се видат меѓусебно, во реално време.

 

ПРОДУКТИ ЗА ПОДОБАР СЕКС

VIAGRA

Телевизиските програми ќе рекламираат разни производи чија намена ќе биде подобрување на сексуалните перформанси. Уште едно предвидување што Брунер го пишува во неговата книга.

 

ХОМОСЕКСУАЛНИТЕ ВРСКИ СЕ АКТУЕЛНИ И СЕ ПОВЕЌЕ ЗАСТАПЕНИ

10

Во „Stand on Zanzibar“, геј и лезбијските врски не се табу тема и се широко прифатени од општеството.

 

ТЕЛЕВИЗИЈА ВО АВИОНИТЕ

11

Брунер исто така предвидува дека луѓето ќе гледаат филмови и ТВ шоуа додека патуваат со авион.

 

ОБАМА – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

12

Во книгата, претседателот се вика… ОБОМИ! Може ли да биде поблиску до реалноста?

 

 

 

За крај, еден цитат од книгата:

– Прво, користиш машини. Потоа, носиш машини. А потоа… Потоа им служиш на машини.

- Реклама -