Романот Триумфална капија, објавен во 1945 година, го опишува животот на еден политички емигрант непосредно пред Втората светска војна. Германскиот доктор Равик, човек без идентитет што наоѓа азил во Париз, е принуден на нелегални хируршки зафати во име на двајца неквалификувани француски хирурзи, за да опстане.
Тој е еден од многуте иселеници без пасош и документи, кои живеат под постојана опасност од апсење и депортирање од една во друга земја. Со забрана да се врати во родната Германија, Равик успева да издржи – додека неумоливо го бара Нацистот што му го уништил животот. И иако се откажал од можноста за љубов, судбината наоѓа начин за необичен романтичен пресврт, дури и во најлоши времиња…
Германскиот писател Ерих Марија Ремарк создал вистинско ремек-дело за исконскиот инстинкт за опстанок, што ќе ги задоволи и најистенчените читателски вкусови.