Секој сака услуга со пет ѕвезди. Тоа е најсигурниот начин за поголем успех во кариерата, и уште поголем успех за секоја организација. А тоа не е ни приближно толку тешко и не одзема толку многу време колку што можеби си мислите.
Секој сака услуга со пет ѕвезди. Тоа е најсигурниот начин за поголем успех во кариерата, и уште поголем успех за секоја организација. А тоа не е ни приближно толку тешко и не одзема толку многу време колку што можеби си мислите.
Услуга од пет ѕвезди е едноставна, но исклучително моќна книга во која авторот на бестселери Мајкл Хепл точно кажува како да обезбедите услуга од пет ѕвезди, и како поединци и како организација, и тоа со минимални трошоци.
Оваа книга е за вас доколку сакате:
– да ги направите вашите клиенти (и вашите колеги) посреќни, и тоа почесто
– да постигнете видни резултати што брзо ќе ви ја унапредат кариерата
– да придобиете повеќе клиенти без да потрошите цело богатство
– да добивате постојани нарачки и препораки од секој што ќе го сретнете
Без оглед дали посакувате брз напредок во кариерата, да започнете сопствен бизнис од кој вашата конкуренција ќе се вџаши или пак сакате клиентите да добијат навистина исклучително искуство, ова е прирачник за вас. Низ примери од сите бизнис сфери, од хотели до болници, што и да е вашиот производ или услуга, ќе најдете нешто со што ќе ја направи вашата понуда блескава. А на изборот од моќни идеи и делотворни тактики постојано ќе му се навраќате.
Откријте како да ги претворите секојдневнитете ситуации во магични мигови со кои ќе ве забележат, запаметат и препорачаат.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на Роденденски приказни се:
1. Јасмина Попова
2. Драган Митаноски
3. Денис Галовски