Книга: „Триумфална капија“ од Ерих Марија Ремарк

Романот Триумфална капија, објавен во 1945 година, го опишува животот на еден политички емигрант непосредно пред Втората светска војна. Германскиот доктор Равик, човек без идентитет што наоѓа азил во Париз, е принуден на нелегални хируршки зафати во име на двајца неквалификувани француски хирурзи, за да опстане.

Тој е еден од многуте иселеници без пасош и документи, кои живеат под постојана опасност од апсење и депортирање од една во друга земја. Со забрана да се врати во родната Германија, Равик успева да издржи – додека неумоливо го бара Нацистот што му го уништил животот. И иако се откажал од можноста за љубов, судбината наоѓа начин за необичен романтичен пресврт, дури и во најлоши времиња…

Германскиот писател Ерих Марија Ремарк создал вистинско ремек-дело за исконскиот инстинкт за опстанок, што ќе ги задоволи и најистенчените читателски вкусови.

Книга: „Триумфална капија“ од Ерих Марија Ремарк Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Алеф“ се:

1. Јованка Миса
2. Валентин Теовски
3. Иле Волчевски

- Реклама -