Во својата најнова книга, Продажба во тешки времиња, светски позна- тиот експерт за продажба, Том Хопкинс, ги пренесува своите лични искуства и покажува како да се сврти импулсот на тешките времиња и да се извлече корист од нив. Со практични примери и техники што ќе ви помогнат да ги откриете претходно занемарените можности, како и неконвенционални методи за регрутирање на нови купувачи и клучни совети за тоа како да го зајакнете вашиот бизнис, Хопкинс ви дава моќни совети со кои ќе ја зголемите продажбата сега и во годините што претстојат.
Во својата најнова книга, Продажба во тешки времиња, светски позна- тиот експерт за продажба, Том Хопкинс, ги пренесува своите лични искуства и покажува како да се сврти импулсот на тешките времиња и да се извлече корист од нив. Со практични примери и техники што ќе ви помогнат да ги откриете претходно занемарените можности, како и неконвенционални методи за регрутирање на нови купувачи и клучни совети за тоа како да го зајакнете вашиот бизнис, Хопкинс ви дава моќни совети со кои ќе ја зголемите продажбата сега и во годините што претстојат.
Научете како:
– Да пребарувате во листата на клиенти за да генерирате нови потенцијални купувачи.
– Да ги задржите – и да ги наградите – вашите моментални клиенти за да ви останат верни.
– Да го намалите отпорот кон продажбата во тешките времиња со помош на тактики што ги надминуваат стравовите кај купувачите.
– Да ги привлечете клиентите од вашиот конкурент со 12 нови стратегии специјално скроени за тешките времиња.
Циклусите доаѓаат и си одат, но принципите на одлично продавање и оние што живеат според нив опстојуваат. Откријте како да го достигнете максималниот продажен потенцијал, без оглед на бизнис-климата, со Продажба во тешки времиња.
„Мајсторот за продажба се надмина себеси! Како поранешен агент за продажба на Том Хопкинс, ја имам прочитано секоја негова книга, преслушано секоја негова снимка, и гледано секој негов семинар и сосема сигурно можам да ви кажам дека неговото најново издание, Продажба во тешки времиња: Тајни за продавање кога никој не купува е убедливо најдобрата книга што Том ја има напишано.
„Тој отворено дискутира за прашањата со такво сочувство и јасност, што не можев да ја оставам. Книгата е задолжително четиво за секого во кој било бизнис, без оглед на тоа дали сметате дека сте лично засегнати од денешната економија или не. Навистина неверојатен дострел, предодреден да им помогне на повеќе луѓе одошто тој веќе им има помогнато!“
Шели Кеар, автор на Животот што го заслужуваш и Продажба 101
„Генијалните методи на Том ги надминаа останатите. Ќе соберете десетпати повеќе плодови.”
Ненси Фридман, претседател на Telephone Doctor Customer Service.
„Том е велемајстор за претворање на ’времињата на обиди‘ во ’времиња на купување‘. Ќе ве врати на врвот и ќе ви помогне да останете на врвот!”
Денис Вејтли, автор на Психологија на победувањето
„Најдобриот тренер за продажба и продавач во светот ви покажува како да се збогатите од продавањето – сега, додека другите безделничат.”
Марк Виктор Хансен, косоздавач на серијалот Пилешка супа за душа, бр. 1 бестселер на Њујорк тајмс
Во 1976 г., Том Хопкинс ја основал Tom Hopkins International, Inc., и целиот живот го посветил на учење и инспирирање на другите преку семинари, книги, аудио и видеообуки. Денес, над 35.000 корпорации и милиони професионални продажни лица ширум светот ги применуваат неговите материјали за обука во професионалната продажба.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Девојката со тетоважа на змеј“ се:
1. Стојановска Софија
2. Милчо Поповски
3. Андријана Ивановска