Ова е веројатно најкреативната и најстручна книга за сетилно брендирање што досега е напишана. Меѓународната бизнис-легенда Мартин Линдстром ни открива по што се разликуваат најуспешните светски компании за брендирање – по тоа што ги интегрираат допирот, вкусот, мирисот, видот и звукот – и какви се неверојатните резултати од нивните стратегии.
Ова е веројатно најкреативната и најстручна книга за сетилно брендирање што досега е напишана. Меѓународната бизнис-легенда Мартин Линдстром ни открива по што се разликуваат најуспешните светски компании за брендирање – по тоа што ги интегрираат допирот, вкусот, мирисот, видот и звукот – и какви се неверојатните резултати од нивните стратегии.
Врз основа на најголемото испитување што досега е спроведено во врска со тоа како нашите пет сетила влијаат врз создавањето брендови, во Сетилно брендирање е прикажана иновативната програма во шест чекори на Мартин Линдстром за тоа како ќе се одвива градењето брендови во дваесет и првиот век. Истражувањата, во кои беа опфатени повеќе од десетина земји, се спроведени од страна на Милворд Браун, една од најголемите институции за бизнис-истражувања во светот. Поткрепено со безброј примери за создавање производи, како и за разни искуства во трговијата на мало, Линдстром ни покажува како да се воспостави маркетиншки пристап што ќе ги привлече сите сетила, за разлика од традиционалниот во кој се фокусираме само на сетилата за вид и за слух. Според одредени испитувања, 75 проценти од емоциите се предизвикани од нешто што сме го помирисале; оттаму, авторот објаснува како може да ги искористиме овие наоди. Во книгата се опфатени иновативни алатки за проценување на местото на брендот на сетилната скала, за анализирање на идниот сетилен потенцијал, како и за зголемување на привлечноста на брендот за да се зголеми и бројот на купувачи. Линдстром има направено и листа на најдобрите 20 брендови на иднината, врз основа на нивната сетилна свесност (првите три се: „Сингапур ерлајнс“, „Епл“ и „Дизни“).
Следуваат неколку од многуте фасцинантни факти што може да ги најдете во оваа книга:
• Пријатниот мирис на нов автомобил, всушност, доаѓа од лименки со аеросол, кои содржат арома на „нов автомобил”.
• Заштитниот крцкав звук и крцкаво чувство при јадењето корнфлекс на „Келог“ е создаден во звучна лабораторија и е патентиран исто како и рецептот и логото на компанијата.
• „Сингапур ерлајнс“ имаат патентирано мирис што го користат сите стјуардеси во компанијата, го има на сите нивни пешкири и на кој мирисаат сите нивни авиони.
• Сетилната уникатност на „Старбакс“ не се поврзува во толкава мера со мирисот и со вкусот на кафето колку со внатрешниот дизајн на кафулињата и со неговото зелено и бело лого.
Наречен „футуристот за светските брендови“ од страна на Би-би-си, Мартин Линдстром е еден од врвните визионери кога станува збор за иднината на компаниите. Тој го промени изгледот на светскиот маркетинг со дваесетгодишното практично искуство како извршен директор за маркетинг и советник на компаниите Форчн 500. Заснована на научни докази, како и на тајните на дел од најуспешните светски брендови, Сетилно брендирање ни покажува како треба да ги трансформираме маркетиншките стратегии во позитивни резултати во бизнисот, а ниту еден човек што сака да го зацврсти својот бренд нема да може тоа да го игнорира.
Мартин Линдстром ја основа својата прва агенција за рекламирање на дванаесет години. Во моментов, тој е еден од најистакнатите експерти во полето на брендирањето. Негови клиенти се и „Дизни“, „Пепси“, „Филипс“, „Мајкрософт“, „Марс“ и „Мерцедес бенз“. Линдстром е поранешен глобален извршен директор на „Бритиш телеком лук смарт“, како и поранешен извршен директор на „ББДО“; исто така, тој го основа „ББДО интерактивна Африка“ и е коосновач на „ББДО интерактивна Европа“. И едната и другата се развија во најголеми компании во регионот во тоа поле. Популарен е и како говорник на меѓународно ниво, во 2004 година Линдстром присуствуваше на конференции во 40 земји.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Зазорување“ се:
1. Сања Јовановска
2. Стефанија Симеонова
3. Олгица Митевска