На оваа невообичаена роденденска прослава, Харуки Мураками направил избор од најдобрите автори на кратки раскази во изминативе години, секој со своето роденденско искуство, а секоја приказна – фотографија на еден ден од животот.
На оваа невообичаена роденденска прослава, Харуки Мураками направил избор од најдобрите автори на кратки раскази во изминативе години, секој со своето роденденско искуство, а секоја приказна – фотографија на еден ден од животот.
Низ приказните на Расел Бенкс, Итан Канин, Рејмонд Карвер, Дејвид Фостер Валас, Денис Џонсон, Клер Киган, Андреа Ли, Даниел Лајонс, Луис Робинсон, Линда Сексoн, Пол Теру, Вилијам Тревор и на самиот Мураками, оваа антологија на чудесен начин ни пренесува најразлични роденденски сцени – семејни врски и стари љубови; случајни средби и долго оплакувани загуби; горчливи настани, болки и радости; и по некој неочекуван подарок – слики од несовршено минато и неизвесна иднина.
Мураками на брилијантен начин ја пренесува апсолутната необичност на обичниот живот, а оваа антологија ги слика истите детали што и самиот тој би ги забележал – секојдневни настани со неочекуван пресврт.
Прочитајте дел од критиките на светските медиуми за оваа збирка раскази:
„Гласовите и амбиентите се различни колку и самите автори, но сите пишуваат за индивидуалниот, а сепак неверојатно значаен начин на којшто го одбележуваме изминувањето на нашите животи“
Њујорк тајмс
„Совршен безвременски подарок“
Тајм аут
„Брилијантно… Мураками ги претставува сиве овие приказни со грациозност и леснотија, топло и неформално укажувајќи на нивната суштина и квалитет без задоволување на сопствените желби, ниту писателска послушност“
Сандеј хералд
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на Библија за продажба се:
1. Душанка Стефановиќ
2. Љупка Дамческа
3. Славко Димитровски