Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.
Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.
Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.
Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.
Од далеку ли доаѓате?, ме прашува.
– Не од блиску, од многу блиску.
Сомничаво ја ниша главата. Со авион не се доаѓа од близу, сака да каже, ама премолчува.
– Долго ли бевте на пат?
– Не бев на пат.
– Туку…
– Бев дома.
– А сега, кај одите?
– Дома.
– Ништо не разбирам, вели подналутено и гласно ја пушта музиката.
Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на Победникот е сам се:
– Станка Манева
– Maja Марковска
– Виктор Танески