Љубовната приказна меѓу Фермина Даса и Флорентино Ариса, во сценариото на едно пристанишно гратче на Карибите во текот на повеќе од шеесет години, би можела да изгледа како мелодрама на осудените љубовници кои на крајот победуваат благодарение на милоста на времето и силата на сопствените чувства..
Љубовната приказна меѓу Фермина Даса и Флорентино Ариса, во сценариото на едно пристанишно гратче на Карибите во текот на повеќе од шеесет години, би можела да изгледа како мелодрама на осудените љубовници кои на крајот победуваат благодарение на милоста на времето и силата на сопствените чувства…
Сценариото и ликовите се како тропска мешавина на растенија и глини кои раката на мајсторот ги моделира и со кои мечтае по волја, за на крај да заврши на подрачјето на митот и легендата. Соковите, миризбите и вкусовите на тропите хранат една восхитувачка проза којашто во овој случај стигнува до променливото пристаниште на среќниот крај.
Со оваа силна, поетска и комична приказна за љубовта на долги патеки, сместена на блескавата сцена на карипскиот брег, Габриел Гарсија Маркес ја достигнува писателската зрелост и твоечкиот зенит.
Љубителите на Сто години самотија тешко ќе поверуваат дека Гарсија Маркес можел да напише подобар роман. Но тој го направил токму тоа.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата Самрак се:
– Ирена Тасеска
– Роза Новакова
– Тања Димитриевска