Книга: Љубов со мали букви

Повеќе.. Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот…

_љубов со мали буквиПрвиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот..

…со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните последователни промени во херметичкиот свет што главниот јунак го создал за себе, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, вкоренети активности и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.

Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, жената на неговиот живот.

Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе ве трогне со малите тајни на среќата.

Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Успех се:

– Трајана Конеска
– Снежана Петковска
– Зорица Филчева

 

- Реклама -