Љубов е нежна и интересна книга
од познатиот уметник Кит
Харинг, која
опфаќа четириесетина од неговите „најљубовни“
слики поврзани со стиховите од љубовната песна „Од мене за тебе“, што Харинг ја има напишано уште како
тинејџер.
Љубов е нежна и интересна книга
од познатиот уметник Кит
Харинг, која
опфаќа четириесетина од неговите „најљубовни“
слики поврзани со стиховите од љубовната песна „Од мене за тебе“, што Харинг ја има напишано уште како
тинејџер…
Иако е најмногу познат по своите многубројни графити и по својата
вокација на уличен уметник, Кит Харинг има и романтична нишка во своите дела,
кои се преполни со срца и вљубени луѓе.
За вљубените од сите возрасти, Љубов преку слики го изразува
она што не може да се искаже со зборови.
Уште кога бил многу млад, Кит Харинг, кој е роден во 1958
година во Рединг, Пенсилванија, открил дека поседува исклучителен талент за
сликање. До 1978 година, кога се преселил во Њујорк за да студира на Училиштето
за визуелни уметности, создал сопствен стил на едноставно контурно цртање,
инспирирано од цртаните филмови на Дизни и од софистицираниот „примитивизам“ на
повеќе познати уметници, како Пјер Алечински и Жан Дубуфе. Следејќи ја урбаната
култура на панк и њу-вејв музиката, Харинг се приклучил кон хип-хоп сцената на
графити-уметници и почнал да ја вградува уличната култура на Њујорк во својата
уметност. Одбегнувајќи ги галериите, почнал да црта во станиците на подземната
железница на блоковите црна хартија кои биле резервирани за новите рекламни
постери. Дури подоцна неговите уметнички дела биле изложувани во повеќе галерии
и музеи низ целиот свет.
Добитници на
книгата Љубов со мали букви се:
– Елена Трпевска
– Емилија
Калајџиевски
– Ана Темелкова