Уште од првата реченица на романот „Наследена загуба“, Киран Десаи нè води до североисточните Хималаи, во еден затурен свет обвиен во магла. Дејствието се случува во текот на 80-тите години на 20. век кога востанието на Непалците се заканува да им ги загрози животите на еден повлечен пензиониран судија-англофил, образуван на Кембриџ, кој живее во подножјето на хималајските врво-ви; неговата внука во тинејџерски години (која првпат ќе ја искуси љубовта со еден од непалските бунтовници) и нивниот беден, потчинет готвач, чија единствена смисла за живот е неговиот син.

Востанието го предизвикува стариот начин на живеење: готвачот е сведок на падот и отфрлувањето на хиерархијата; судијата мора да му се наврати на своето минато и на својата улога во овој алчен свет; вљубената Саи и нејзиниот непалски тутор се принудени да се соочат со нивните спротивставени интереси; синот на готвачот е приморан да работи од еден во друг њујоршки ресторан во потрага по подобар живот. Секој миг ја пружа можноста за надеж или за предавство.
Наследена загуба на индиската писателка Киран Десаи е добитник на престижната Букерова награда за 2006 година.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на Елеганцијата на ежот се:
1. Ристо Бачев
2. Мирјана Манева
3. Снежана Трајковска