Книга: Латиноамерикански графички дизајн

latino-dizajn-knigaСоставена од 20 земји од Северна, Јужна и Централна Америка, како и Карипските острови, Латинска Америка е населена од над 500 милиони луѓе. Од Аргентина до Мексико, сите латиноамерикански земји се од шпанско говорно подрачје, со исклучок на Бразил, каде се зборува португалски. Латинска Америка со децении креира единствена форма на графичко изразување, а оваа историска публикација ги обединува најдобрите примери од 20 век вклучувајќи ги и оние најсовремените.

Составена од 20 земји од Северна, Јужна и Централна Америка, како и Карипските острови, Латинска Америка е населена од над 500 милиони луѓе. Од Аргентина до Мексико, сите латиноамерикански земји се од шпанско говорно подрачје, со исклучок на Бразил, каде се зборува португалски. Латинска Америка со децении креира единствена форма на графичко изразување, а оваа историска публикација ги обединува најдобрите примери од 20 век вклучувајќи ги и оние најсовремените.

516691241370658

Книгата започнува со исцрпен историски есеј за придонесот на овој регион за дизајнот, вклучувајѓи го развојот на графичкиот дизајн во регионот од 1900 г. до денес, додека пак, главниот дел на текстот содржи речиси 200 дизајнери и дизајнерски студија подредени по азбучен ред, чиј број постојано се зголемува и кои продолжуваат да го промовираат идентитетот на латиноамериканскиот дизајн. Конечно, корисниот индекс дава пристап до клучни информации во книгата, како имињата на дизајнерите, земјите, публикациите, образовните установи, и познатите настани.  

За уредниците:

По изучувањето на графичкиот дизајн во родниот Бразил, Фелипе Таборда поминал многу години во Њујорк и Лондон, каде соработувал со познати дизајнери вклучувајќи го Милтон Глејсер. Учествувал во поважните проекти за дизајн во регионот, честопати бил гласноговорник и застапник на Латинската култура ширум светот, а неговите дела биле изложени во над 50 земји. Предава и води своја консултантска канцеларија за дизајн во Рио де Жанеиро, Бразил.

Јулиус Виедеман е роден во Бразил, студирал графички дизајн и маркетинг, и бил уметнички директор за дигитални и дизајнерски списанија во Токио. Едни од неговите многубројни дигитални и медиа наслови за ТАШЕН се Illustration Now!, Advertising Now, Logo Design и Brand Identity Now!

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk како и на сајтот на TASCHEN, а само оваа недела во книжарницата ТРИ можете да си го набавите вашиот примерок по популарна цена од 1700 денари.

Добитници на „На пат“ се:

1. Влатко Симов
2. Игор Шапески
3. Марта Завкова

- Реклама -