Книга: Кога Ниче плачеше

nice.jpgОд авторот на бестселерот Џелат на љубовта доаѓа неодолива мешавина од факти и фикција, драма за љубовта, судбината и волјата, што се одигрува во интелектуалното превирање на Виена во деветнаесеттиот век, пред самото раѓање на психоанализата. Фридрих Ниче, најголемиот европски филозоф…

koga_nice_placese_low.jpgОд авторот на бестселерот Џелат на љубовта доаѓа неодолива мешавина од факти и фикција, драма за љубовта, судбината и волјата, што се одигрува во интелектуалното превирање на Виена во деветнаесеттиот век, пред самото раѓање на психоанализата. Фридрих Ниче, најголемиот европски филозоф…

…Јозеф Бројер, еден од татковците на психоанализата… таен договор… младиот стажист Сигмунд Фројд: тоа се елементите кои заедно ја сочинуваат сагата за фиктивниот однос меѓу необичниот пациент и надарениот исцелител. Овој импресивен роман започнува така што неодоливата Лу Саломе го моли Бројер да го лекува самоубиствениот очај на Ниче со својата експериментална терапија со разговор. Кога еминентниот лекар колебајќи се, ќе ја прифати задачата, ќе дојде до значајно откритие, само ако се соочи со сопствените внатрешни демони, ќе биде во состојба да му помага на својот пациент. Во овој роман, што го апсорбира сето наше внимание, двајца брилијантни и загадочни луѓе проникнуваат во длабочините на сопствените романтични опсесии и ја откриваат спасувачката моќ на пријателството.

Што напишаа за оваа книга:

Задоволство за читање, како поради интригантните дискусии за филозофијата и психотерапијата така и поради впечатливото оживување на необичните личности на Ниче и Бројер.
Сан Франциско кроникл

Не се испушта од раце. Возбудлива, одлично напишана приказна, која на читателите што сакаат романи за идеите им нуди уживање какво што одамна немале.
Вашингтон тајмс

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш се:

– Бојана Петковска
– Персида Отовиќ
– Пеце Младеновски

- Реклама -