Книга: Камен на трпение

Повеќе.. Синге сабур (од персиските зборови синге „камен“, и сабур „трпение“). Камен на трпение. Во персиската митологија, станува збор за еден магиски камен што човек го поставува пред себеси за да ги излее врз него своите несреќи, страдања, болки, клетости…





камен на трпението
Синге сабур (од персиските зборови синге „камен“, и сабур „трпение“). Камен на трпение. Во персиската митологија, станува збор за еден магиски камен што човек го поставува пред себеси за да ги излее врз него своите несреќи, страдања, болки, клетости… Му го доверува сето она што не се осмелува да им го открие на другите луѓе… И каменот слуша, ги впива како сунѓер сите речи, сите тајни, се додека еден ден не се распрсне. И од тој ден човекот е ослободен.

„Во Авганистан или каде било другаде во светот“, почнува писателот Атик Рахими, една жена бдее над својот маж, којшто е ранет и во кома веќе цели петнаесет дена.  На шеснаесеттиот ден, сета престрашена од братоубиствената војна што виори околу нејзиниот дом во којшто таа е заробена со двете ќерки и неподвижниот маж, жената ја започнува својата исповед пред немиот сведок, истурајќи ги пред него сите јадови и страдања од сопственото постоење.  Таа живее во свет во кој на жените им е забрането се, освен вечното страдање. И ова е првпат таа да се соголи пред сопствениот маж, првпат, оти тој не може да и се противстави, таа има храброст пред него да ги истури сите свои тајни…  Камен на трпение е драматична приказна за лагите и насилствата, простувањата и љубовта. 

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Калуѓерот што го продаде своето Ферари се:

– Ѓоко Спасески
– Насер Фазловски
– Сања Маркоска

 

- Реклама -