Герила маркетинг е книга што направи целосна револуција во маркетингот. Таа со своето појавување од корен ги промени маркетиншките стратегии на сопствениците на мали бизниси, овозможувајќи им да остварат максимален профит и јакнење на брендот со минимални инвестиции и извонредно мали трошоци.
Ова е книга која секој што сака да успее на денешниот пазар треба да ја има на своите полици.
Герила маркетинг е книга што направи целосна револуција во маркетингот. Таа со своето појавување од корен ги промени маркетиншките стратегии на сопствениците на мали бизниси, овозможувајќи им да остварат максимален профит и јакнење на брендот со минимални инвестиции и извонредно мали трошоци. Најнапред беше наменета за малите фирми, а сега е веќе концепт што го применуваат најголемите светски компании како Marlboro, Fiat, Американската влада, Visa, Johnson & Johnson, Carnegie Mellon, Pacific Bell… Герила маркетинг е продадена во над 20 милиони примероци и е преведена на 54 јазици ширум светот.
Овој пристап е за сите што мораат секојдневно да се борат со предизвиците на пазарот и продажбата, освен за оние што заработуваат повеќе отколку што би сакале. Што прават извонредно добрите продавачи, а вие не го правите? Откријте ги нивните тајни оружја и алатки, кои во суштина се многу едноставни, под услов да сте герила продавач. Во најновото, четврто издание на книгата, Левинсон концизно и практично ги претставува арсеналот и оружјето што треба да ги користи секој герилец што мора да војува со конкуренцијата и со пазарните услови со цел да успее експоненцијално да го зголемува својот профит.
Џеј Конрад Левинсон, таткото на герилскиот пристап и најголемиот маркетиншки гуру на новото време веќе трета деценија е еден од најбараните автори и предавачи ширум светот. На неговите предавања може да се видат менаџери, извршни директори, сопственици на бизниси и милионери, но и штотуку дипломирани студенти што сакаат да започнат свој бизнис. Неговите книги се прифатени како редовна маркетиншка литература во MBA-програмите ширум светот и се незаменлив прирачник за голем број успешни менаџери.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата Страници за нашата љубов се:
– Дина Коцевска
– Велика Јанковска
– Ивана Грујовска