Во огромниот хит на француската писателка Мириел Барбери, Елеганцијата на ежот, самоуката куќна помошничка Рене во една елитна париска зграда ужива во магијата на уметноста, филозофијата, музиката и јапонската култура.
Сензационален роман, вистинско откритие, добитник на повеќе книжевни признанија.
Во огромниот хит на француската писателка Мириел Барбери, Елеганцијата на ежот, самоуката куќна помошничка Рене во една елитна париска зграда ужива во магијата на уметноста, филозофијата, музиката и јапонската култура.
Во истата зграда живее и богатата дванаесетгодишната Палома заситена од животот, која неуморно чита манга-стрипови, наоѓа утеха во јапонските поети и го презира целото семејство. Јапонскиот бизнисмен Озу се вселува во зградата и, како и Палома, ја насетува скриената префинетост на куќната помошничка. Низ едноставна нарација, овој роман ве води во светот на богаташката извештаченост, интелектуалните клишеа и надмените сопственици на кучиња со педигре, и ги возвишува тивките победи на ненаметливите меѓу нас.
„Двете протагонистки во книгата создаваат елоквентни мини-есеи за времето, убавината и смислата на животот – Рене со својата ерудиција, а Палома со тинејџерската енергија.“ Њујорк Тајмс
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Сетилно брендирање“ се:
1. Ана Илиевска
2. Љупка Дамческа
3. Благоја Стенкоски