Краток, извонреден роман за случајните средби во ситните часови во Токио; возбудлив колку и ремек-делата на Мураками, „Норвешка шума“ и „Спутник љубов“.
Краток, извонреден роман за случајните средби во ситните часови во Токио; возбудлив колку и ремек-делата на Мураками, „Норвешка шума“ и „Спутник љубов“.
Во фокусот на овој роман се двете сестри – Ери, манекенка потоната во длабокиот сон на бессознанието, и Мари, младата студентка, која бегајќи од дома, ќе заталка во туѓи животни приказни, сосема поинакви од нејзината – џез тромбонистот што тврди дека се познаваат од порано, крупната раководителка на „љубовен хотел” и нејзините собарки, како и кинеската проститутка, дивјачки претепана од бизнисмен.
Длабоко во ноќта е хипнотизирачка драма во која се испреплетуваат времето и просторот, сеќавањето и реалноста. Тоа е свет на соништа, во кој луѓето исчезнуваат во телевизискиот екран, додека нивниот одраз останува во огледалото, и откако ќе ја напуштат просторијата.
„Издигнат над темнината, Мураками ја доловува флуоресцентноста насекаде, но најмногу во аурата околу луѓето, кои сјаат најсилно ноќе и кога се заедно”.
Њујорк тајмс
„Хипнотизирачки морничав, наместа смешeн, а најмногу од сè, проткаен со неизвесност”.
Вашингтон пост
„Мрачно возбудлив”.
Паблишерс викли
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на Услуга од пет ѕвезди се:
1. Снежана Трајковска
2. Тања Величковска
3. Тони Ристески