Балрам Халваи е Белиот тигар – најпаметното момче во селото. Неговото семејство е премногу сиромашно за да може да го школува, па тој е принуден да работи во чајџилница каде што ситни јаглен и ги брише масите…
Балрам Халваи е Белиот тигар – најпаметното момче во селото. Неговото семејство е премногу сиромашно за да може да го школува, па тој е принуден да работи во чајџилница каде што ситни јаглен и ги брише масите…
Еден ден среќата сепак ќе му се насмевне – еден богаташ ќе го најми како сопствен возач и ќе го поведе со себе во Њу Делхи. Градот е вистинско откровение за Балрам.
Додека го вози својот работодавач низ трговските и деловните комплекси на големиот град, станува свесен за неизмерното богатство што го опкружува и за многуте можности што се укажуваат, но истовремено станува свесен дека тој никогаш нема да стапне во тој свет. Тажната рефлексија за ситуацијата во која се наоѓа ќе го доведе до заклучокот дека постои само еден начин што ќе му овозможи влез во гламурозниот свет на современа Индија…
Белиот тигар ни ја претставува Индија во нејзиното вистинско светло, лишена од секакви романтични претстави. Возбудлив и шокантен роман што ќе ве понесе од селата во долината на Ганг, исполнети со очај и речиси сосема лишени од закон и ред, до Бангалор на „дивиот југ“, кој вртоглаво се развива привлекувајќи ги светските компании. Пишуван како исповед и полн со црн хумор, Белиот тигар не ја црпи возбудливоста само од тематиката, туку пред сè од својот аморален наратор – циничен антихерој, кој одбива да се покае, но кој и покрај сè ни се „вовлекува под кожа“.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата Љубов во време на колера се:
– Благоја Петкоски
– Александар Богданоски
– Јасмина Пазарџиевска