Книга: 101 зен приказна

101 зен приказнаПроучувањето на зенизмот, на развојот на природата на човекот, не претставува лесна задача во кој и да било период на цивилизацијата. Многу учители, вистински и лажни, настојувале да им помогнат на другите во тоа достигање. Овие приказни настанале од безброј вистински зенистички случки.


101 зен приказнаЗенизмот би можел да се нарече внатрешна вештина и изум на Истокот. Во Кина го вкоренил Бодидарма, кој во шестиот век дошол од Индија, а до дванаесеттиот век се пренел подалеку на исток, во Јапонија. Опишуван е како: „Посебно учење без свети списи, над буквите и зборовите, што упатува на суштината на човечкиот ум и проникнува во вистинската природа на човекот, патеката на Просветлувањето”.

Проучувањето на зенизмот, на развојот на природата на човекот, не претставува лесна задача во кој и да било период на цивилизацијата. Многу учители, вистински и лажни, настојувале да им помогнат на другите во тоа достигање. Овие приказни настанале од безброј вистински зенистички случки. Му посакуваме на читателот да ги препознае во животното искуство на нашето време.Кога зенизмот би имал свои свети списи, тогаш оваа колекција зенистички текстови, како и санскритските ракописи што им претходеле, би можела да полага право на тоа да биде вклучена во нив.

Овде се собрани во една книга сите искуства на зенизмот, неговите загатки и приказите на степените на свесноста, заедно со сличните учења кои се со векови постари од зенизмот. Овие извадоци го наведуваат читателот длабоко да се нурне во секојдневниот живот и да го открие изворот на своето битие.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

 

Добитници на книгата Дванаесет искушенија се:

– Васко Русевски
– Костадин Ангелов
– Катерина Пешевска

 

- Реклама -