Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски повторно не се откажа, па денеска, како што беше планирано, започна да го плива ултрамаратонот од 64 километри, посветен на лицата со ретки болести.
Како што пренесува „Охрид Њуз“, Марко маратонот го почнал околу 18 часот, а се очекува да финишира утре на празникот Голема Богородица во центарот на Охрид, откако ќе го преплива легендарниот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид.
Временските услови засега се поволни и дува североисточен ветар, што му оди во прилог, бидејќи к’нето (објаснување ТУКА) во текот на ноќта ќе ја плива делницата од Охрид до Св. Наум.
Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, испечатени се и специјални маички по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат на специјален штанд утре од 12 часот. Средствата од продажбата Марко ќе ги донира во хуманитарни цели. Првите херојски метри на Марко погледнете ги ТУКА.