Кога во Лондон беа забележани метални шилци во влезовите, поставени за да ги спречат бездомниците да се задржуваат во тие делови на градот или да спијат на улиците, светот беше згрозен.
Но, многумина си го поставија прашањето. Како да се бориме против тоа?
Ванкувер има одговор, пишува британски „Телеграф“.
Имено, хуанитарната организација RainCity Housing претвори неколку градски клупи во засолниште за бездомниците.
Клупите кои во текот на денот се користат за седење и чекање автобус, навечер се претвораат во употребливи засолништа за бездомниците, а бездомниците можат на нив и да спијат.
На таблите кои воедно служат и како заштита од дожд и ветер во текот на денот е испишано „Ова е клупа“, додека ноќта на нив пишува „Ова е кревет“.