Клупи за тинејџери

Клупи за тинејџериГрадоначалникот на германскиот град Еплхајм, Дитер Морлин, стана познат по тоа што прв постави специјална клупа за тинејџери. Тој ја нарекува „клупа без интерес“, бидејќи тинејџерите немаат интерес да ги следат општествените правила.

Дитер Морлин, кој е градоначалник на Еплхајм веќе 17 години, во еден момент сфатил дека без разлика колку се обидуваат да ги едуцираат тинејџерите за општествените норми, тие ќе се бунтуваат. Па така, гледајќи во клупите извалкани од газењето, тој ја добил генијалната идеја.

Наместо седиште, долниот дел од клупите ќе биде место за потпирање на нозете, направен од метал, додека она што на обичнните клупи е потпирач, ќе стане седиште со дрвена подлога. Првата клупа била поставена во неговиот град, а по неочекувано добрата реакција, тој добива повици од други градоначалници низ Германија, за поставување вакви клупи насекаде. Нормално, Морлин безусловно го дозволил копирањето на неговиот дизајн.

Тинејџерите кои вообичаено се бунтуваат против секое правило, овојпат се воодушевени од дизајнот на клупата на којашто не само што не е забрането седење на горниот дел, туку е и препорачано. [German mayor invents park bench for teen etiquette]

- Реклама -