Одлучивме пред нашата зграда за поставиме клупа. Убаво е кога комшиите можат да си седнат и да си помуабетат. Меѓутоа, некој ја украде. Ок, поставивме друга, но и таа исчезна. И така по ред ни украдоа пет клупи.
На крајот одлучивме да го пријавиме случајот во полиција. Таму ни рекоа дека не можат да ни помогнат.
Не ни се веруваше! Пет толкави клупи, секоја долга најмалку три метри! Тоа и деца ќе го најдат!
Полицајците се смешкаа. Клупи, огради, даски, сандаци, бандери… Исчезнува сè што е од дрво. Сè што може да се запали.
И така сега чекаме да помине зимата.
За следната година памет во глава. Ќе набавиме клупа од метал.
С.Симиќ