Клуни шокиран од свадбата на поранешната девојка

Убавата поранешна спортистка Стејси Киблер, која се омажи на осми март во интимна атмосфера на мексиканската плажа, директно му удри шлаканица на Клуни со тоа свое решение. Медиумите го засилија страдањето на актерот, соопштувајќи ја веста дека Стејси е и бремена.

„Џорџ е навикнат неговите поранешни девојки долго да плачат за него, но тоа не се случи со Стејси. Таа веднаш ја остави врската со Клуни зад себе и продолжи натаму. Ова е голем шамар за егото на Џорџ, кој не очекуваше неговата поранешна девојка толку брзо да започне врска со друг човек. Тој не ни претпоставуваше дека толку брзо ќе се омажи, па дури и ќе  забремени “, откри близок пријател на актерот.

- Реклама -