Младенците Џорџ Клуни и Амал Аламудин ќе бидат домаќини на втора свадба во Англија на крајот на оваа недела.
Двајцата се венчаа минатиот септември во Италија, а сега ќе ги пречекаат гостите во хотел во Марлоу, Англија, пишува “Дејли телеграф”.
Анџелина Џоли и Бред Пит, кои не присуствуваа на свадбата во Венеција, се смета дека овој пат ќе бидат на празникот на младото семејство.
„Бред е во Велика Британија за промоција на својот нов филм Fury и му кажал на Џорџ дека ќе присуствува” , велат упатените.
Вработените во хотелот издаваат дека очекуваат околу 90 гости и сите соби се резервирани за викендите.
Најголемата прослава ќе биде во ресторанот на хотелот во сабота.
„Прославата е главно за семејството и пријателите на Амал , но Џорџ го избрал местото. Пред неколку години тој престојувал кратко во хотелот, додека го снимал филмот The Monuments Men и се заљубил во комплексот ” , издава еден од вработените.