Клучот е во печурките

Вид печурки можат да се покажат изненадувачки сојузник во борбата против штетната навика, пишува Daily Mail.

Научниците од Универзитетот „Џонс Хопкинс” во Балтимор, Мериленд, утврдиле при обидот дека предметните печурки даваат до 80 проценти успешност при обидите за откажување од цигарите.

Проблемот, сепак, е дека тие ниту се обични, ниту сосема безопасни. Станува збор за халуциногени печурки, чие што активна супстанција им дала предност на волонтерите во три дози дневно во период од осум недели.

Меѓу нив имало 10 мажи и 5 жени. Секој од нив пушел во просек по 20 цигари на ден во тек на 31 година. Во овој период сите учесници имале неуспешни обиди да се откажат од никотинската зависност. Активната супстанција псилобицин дејствува на примарните мозочни центри поврзани со емоциите. Невроните во овој дел се активираат како за време на спиењето.

Како резултат по тестовите 12 од 15-те учесници во експериментите успешно ги оставиле цигарите по шест месеци.

- Реклама -