Унијата на Професионални Фудбалски Клубови соопшти дека следниот месец ќе има викенд без фудбал во знак на протест против планот на владата за нов поголем данок.
Владата на Франција планира да воведе нов данок од 75% за оние кои имаат примања поголеми од 1 милион евра годишно.
Клубовите не се задоволни од ваквиот потег, и веруваат дека овој закон ќе има штетни последици врз фудбалот во Франција.
Во знак на протест, клубовите од првата и втората лига во Франција ќе штрајкуваат кон крајот на ноември, кога на програмата е 15. коло во Лига 1 односно 16. коло во Лига 2.
„Ќе има викенд без фудбал на крајот од следниот месец. Во прашање е опстанокот на фудбалот во Франција” – рече Жан Пјер Лувел, кој е претседател на Унијата на Професионалните Фудбалски Клубови (UCPF).
„Луѓето се добредојдени на стадионите, но нема да има натпревари”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал