клубот од Скопје, деновиве во М6 Едукативниот Центар ја прослави десетгодишнината од своето постоење.
Inner Wheel клубот е интернационална организација на жени, поврзана со Ротари организацијата, а основана од сопругите и мајките на ротаријанците. Овој клуб активно функционира во многу делови од светот, а во Македонија од своето основање во 2004 година па се досега има изреализирано голем број хумани и добротворни активности.
На настанот за одбележување на 10-от роденден, беа присутни членките на клубот, нивните соработници и пријатели, и познати личности од јавниот живот во Македонија. Во своето обраќање пред присутните, претседателката на клубот Анета Антова Пешева изјави:
„Да се предводи организација како Inner Wheel е привилегија, но и голема одговорност, која со полно срце и неуморлива постојаност ја исполнував во изминатата година“. Пешева истакна дека постојат уште многу проекти кои можат да се реализираат – за сите заеднички да креираме општество со високи вредности и хуманост.
За време на свеченоста, беа доделени две плакети за особени заслуги, афирмација и развој на клубот, како и повеќе благодарници. Постхумно беше доделена плакета на една од поранешните претседателки на Клубот, Марија Андова, која ја прими нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, како и на првата претседателка на Клубот, професорката Марија Фукарова Јуруковска.
Хуманоста, како главна одлика на овој клуб дојде до израз и на самата манифестација каде се изврши донација и собирање средства во добротворни цели, кои ќе бидат донирани за лекување на пациент со малигно заболување.