Клоп: Реал погреши што го продаде Озил

Јирген Клоп ја поздрави одлуката на Арсенал да го ангажира Месут Озил, и верува дека неговиот сонародник може да биде играчот што им недостасувал на ’Топџиите’.

Во последните денови од летниот преоден рок, Арсен Венгер го одврза кесето и плати повеќе од 45 милиони евра за ангажман на Месут Озил од Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Германија одлично се вклопи на Емирати, и одигра клучна улога во успешниот старт на ’Топџиите’ во сезоната.

Во пресрет на гостувањето на Борусија Дортмунд во Лондон, Јирген Клоп упати многу пофални зборови за својот сонародник, и верува дека плејмејкерот може да му донесе успех на Арсенал.

„На овој тим му недостасуваше еден играч и можеби тоа е токму Месут Озил” – рече Клоп.

Прочитајте и:  Арсенал во проблеми: Три исклучувања, седум загубени бодови

„Тој е технички перфектен, брз е и разви одлично чувство за гол. Месут е многу интелегентен и може да игра за било кој тим”.

„Не треба да го притискате на тренинзите, тој работи спонтано и фунционира многу добро”.

„Токму затоа Арсенал направи одличен потег со неговиот ангажман, а тимот што го продаде погреши”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -