Сè поверојтно е дека Јирген Клоп, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд ќе го прекине долго најавуваниот одмор и ќе се појави на клупата на Ливерпул.
Клоп беше поврзуван со разни европски екипи, но сепак, најверојатно Ливерпул ќе биде негова следна дестинација.
Според англиските медиуми, Клоп веќе ги договорил висината на платата и висината на трансфер буџерот и останува само да биде прифатен неговиот клучен услов за тој да го замени Роџерс. Клоп, од управата бара одврзани раце во одлуките околу купувањето и продавањето фудбалери.
Доколку управата се сложи, Ливерпул наскоро ќе има нов тренер.