Аргентинецот со освојувањето на Мундијалот ја реши дилемата за тоа кој е подобар меѓу него и Кристијано Роналдо, а така мисли и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Најдобар фудбалер во мојата кариера е Меси. Тој е најдобар во свет. Начинот на кој игра ни покажува колку долго човек може да остане во врвна форма“, вели Клоп.