Клиничките фармацевти во Zan Mitrev Clinic промотивно достапни на on line консултација за сите пациенти

Сите ние понекогаш имаме потреба од земање некакви лекови или додатоци во исхрана со цел подбрување на нашето здравје. Често пати имате прашања за терапијата која е препорачана, ви треба консултација од фармацевт. Токму поради тоа ние ви овозможивме консултација со нашите фарамацевти преку апликација на Интернет.

Едноставно, преку линкот zmc.tiktak.mk можете да закажете термин и да се консултирате со наш фармацевт:

Доколку чувствувате промени – несакани ефекти од лекот кој го земате (осип, црвенило, кашлица, дијареа, отоци, мускулна болка, главоболка, крварење, нема подобрување во состојбата и т.н.).

Имате воведено нов лек во вашата терапија кој може да го провериме за интеракции кои резултираат со намалено или зголемено дејство на лекот или за евентуална појава на несакани ефекти.

Доколку сакате да воведете додатоци во исхраната, витамини, растителни екстракти кои може да влијаат врз соодветниот ефект на хроничната терапија која ја земате.

Тука сме и ако имате потреба од повеќе информации – нејаснотии околу начинот на чување, земање и апликација на лекот во однос на храна и друга терапија.

Консултирајте не доколу имате настинка или грип и потребни ви се совети за справување со симптомите.

Ако примате антибиотик, а немате подобрување на состојбата или имате појава на несакани ефекти може да не контактирате.

Исто така:

Вршиме и мониторинг на антибиотик во крвта доколку е потребно. Во консултација со вашиот лекар може да направиме контрола и препорака за понатамошно дозирање, во случај со терапија со Ванкомицин и Гентамицин.
Напоменуваме дека посебно треба да се обрне внимание на пациентите над 65 годишна возраст кои имаат потреба од терапија со повеќе лекови истовремено. Кај нив е од голема важност проверката на целокупната терапија и прилагодување согласно нивните лабораториски параметри и клинички наоди.

Консултацијата со фармацевт освен на линкот zmc.tiktak.mk можете да ја закажете и преку нашата е-страница www.zmc.mk.

Фармацевтот ќе Ве контактира во најбрз можен рок.

Што се однесува до потребните лекарства сакаме да напомене дека во склоп на нашата клиника се наоѓа Фила Аптека која располага со целосен асортиман на лекови како и помошни лековити средства, витамини, хербални додатоци, медицински помагала, медицинска козметика за сите Ваши потреби.

- Реклама -