Kuchofuku во 2007 ја изнесе својата серија климатизирани продукти,
вклучувајќи го и овој кревет. Ладниот воздух струи низ душекот, преку
двојни тивки вентилатори, со што се создава мека мембрана која се
претвора во воздушно перниче.
Kuchofuku во 2007 ја изнесе својата серија климатизирани продукти, вклучувајќи го и овој кревет. Ладниот воздух струи низ душекот, преку двојни тивки вентилатори, со што се создава мека мембрана која се претвора во воздушно перниче.
Оваа направа користи стандарден AC адаптер и тежи само 2.4кг, а можете и да ја завиткате за компактно сместување.
Покрај душеци, компанијата произведува и јакни, пантолони и кошули кои ќе прострујат ладен воздух низ вашето тело, секогаш кога ќе ви стане неподносливо топло. Ако пак имате USB приклучок дома, тогаш ви ја препорачуваме и оваа USB Климатизирана кошула.