Клима уредот е меч со две острици

За време на летните горештини клима уредите се незаменливи како во домот, така и во канцелариите. Клима уредот е оној кој ни ја прави атмосферата поднослива за работа, но дали придобивките од клима уредот ги надминуваат негативните ефекти?

Клима уредот треба да знаеме да го користиме правилно. Важно е клима уредот да ја намали температурата на воздухот до поднослив степен, односно степен на кој можеме да функционираме. Преголемата разлика во темературите и нередовното чистење на клима уредите се две многу негативни карактеристики кои можат да направат повеќе штета отколку корист.

Доколку редовно не го чистите клима уредот тој може во себе да насобере многу бактерии, габи, влакна и многу други нешта кои можат да му нашетат на човекот. Особено опасна е бактеријата која предизвикува легионерска болест, односно болест на долните дишни патишта.

Неисчистениот клима уред нема да биде од корист ниту на асматичарите, пушачите, алкохоличарите, а најмалку на луѓето склони кон алергии. Клима уредите мора да се чистат најмногу во болниците.

Клима уредот не смее да направи температурна разлика поголема од 7-8 степени од надворешната, бидејќи секое излегување надвор од климатизираната просторија (важи и за автомобилите) ќе предизвика шок за организамот. Дури и малите деца можат да почувствуваат болка во градите. На ова особено внимавајте кога се работи за хронично болни лица и лица со срцеви проблеми.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -