Клик! Клик! Клик! Безвучно PC глувче

resizedappleТехнологијата се развива на многу чудни начини. Во блиска иднина дури и
роботите ќе почнат да зборуваат како луѓето, но потешко се отстрануваат
некои стари навики. Звукот на глувчето е еден од најиритирачките Клик! Клик! Клик!…и
станува вечност. А најмногу им пречи на луѓето кои сакаат тишина. Ако
работите во некоја компанија каде повеќето луѓе околу вас работат на
компјутери, станува вистински кошмар. Па еве ви решение за да си ги
заштитите ушите со тивко глувче.


Технологијата се развива на многу чудни начини. Во блиска иднина дури и роботите ќе почнат да зборуваат како луѓето, но потешко се отстрануваат некои стари навики. Звукот на глувчето е еден од најиритирачките Клик! Клик! Клик!…и станува вечност. А најмногу им пречи на луѓето кои сакаат тишина. Ако работите во некоја компанија каде повеќето луѓе околу вас работат на компјутери, станува вистински кошмар. Па еве ви решение за да си ги заштитите ушите со тивко глувче.

4 корисни решенија. Првото глувче Thanko е доста потивко кое звукот на средниот клик и другите копчиња е намален за една петина од звукот на нормалното глувче, но не и целосно отстранет. 

thanko gizmodo_reviewed_thanko

Второ е Buffalo USB Silent Mouse. И ова глувче го намалува звукот но не го отстранува целосно. А и не е компатибилно со Vista. Па да видиме што имаме понатаму.

buffalo_usb_silent_mouse

Еве уште еден силен кандидат. Apple Mighty Mouse Wireless Kit. Се е извонредно. Нема кликање воопшто, засновано на сензор на допир, безжично и супер дизајнирано. Позитивни критики. Но, како што можете да очекувате од Apple ова глувче работи само со оперативниот систем на Mac компјутерите Mac OS X Bluetooth-enabled. Па како обични PC корисници ќе ја продолжиме нашата потрага.

 apple-silent-mouse mmouse-wireless-keyfeatures

Сепак пазарот е доста празен и нема многу нови производи. Но, најдоброто решение е DIY Silent Mouse – како сами да го направите вашето обично глувче безвучно без кликање. Кликнете на линкот подолу.

направи сам безвучно глувче

- Реклама -