Вештината да вршите продажба е најважна во секој бизнис. Приходите се она што ја прави компанијата независна од инвеститори, а за да заработите пари, треба да умеете да ги продавате вашите производи.
За жал, многу претприемачи ги трошат шансите да извршат продажба, со тоа што создаваат лош прв впечаток на своите клиенти. Еве и неколку правила кои ќе ви помогнат да се замислите подобро на следната средба со клиенти.
Облечете се елегантно
Може тоа не е карактеристично за вашата компанија, но мора да бидете сигурни дека сте облечени соодветно, кога ќе се сретнете со потенцијалните купувачи. Сакате да ве сфаќаат сериозно, но и да им покажете почит. Погледнете низ нивната призма. Кога клиентот ќе ве погледне за прв пат, тој веќе потсвесно почнал да ве оценува. „Дали можам да ги доверам парите на овој човек? Изгледа ли одговорен? “Секогаш е подобро да сте добро облечени. Не ризикувате.Кога изгледате елегантно, клиентите ве сфаќаат сериозно и ќе ви биде полесно да извршите продажба.
Насмевнете се
Широката насмевка на прва средба со потенцијален купувач може да ви даде силен старт. Многу често претприемачите се нервозни на првите бизнис средби, што ја попречува нивната способност да размислуваат позитивно. И насмевка исчезнува. Освен тоа е исклучително важно клиентот да соработува со позитивни луѓе. Велат дека насмевките се заразни, а и според бројни студии го подобруваат расположението. Кога ќе предизвикате кај клиентот позитивен став, продажбата станува лесна.
Не почнувајте веднаш со рекламирањето
Многу честа грешка е тоа што веднаш по поздравот продавачите се фрлаат кон рекламирање на своите производи. Во повеќето случаи, ова е страшна стратегија. Дали сте виделе како дејствуваат неверојатните трговци? Ако се погледне подобро, ќе забележите дека тие се мајстори на празните приказни. Спријателете се со вашите клиенти и пронајдете заеднички интереси надвор од работата. Откако сте создале пријателство, лесно можете да се префрлите на продажба. Бил Клинтон, на пример, е познат како вешт говорник. Она што го прави толку голем, е што кога ќе започне да говори, имате чувство дека мисли само на вас. Затоа и стана претседател. Тоа би ви помогнало и на вас да привлечете купувачи.
Запознајте се со проблемот
Една стратегија, која работи добро, е водењето на детални записи за време на деловна средба. На почеток забелешките помагаат да се осигурате дека ги разбирате сите проблеми со кои се соочува вашиот потенцијален клиент. Покрај тоа, така му покажувате дека сте одговорен повеќе да слушате, помалку да зборувате. А на крајот на средбата, имате можност да ги прегледате белешките и да процените дали сте го пронашле вистинското решение на проблемот.