Кличко: Путин е гангрена на Европа

Киев, 2 јануари 2022 (МИА) – Актуелниот градоначалник на Киев и поранешен боксерски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко, се приклучи на вежбите на украинските резервисти, додека тензиите меѓу Русија и Украина се зголемуваат.

Кличко во интервју за британскиот „Дејли телеграф“ оцени дека таквата обука е неопходна за високи и средни функционери на земја која „е во војна речиси осум години“.

Истовремено, тој го опиша рускиот претседател Владимир Путин како „гангрена“ што ја погодува Европа.

Ситуацијата со Украина доведе до зголемени тензии меѓу Русија и Западот, кој ја обвинува Москва дека распоредува свои трупи на границата со Украина и подготвува инвазија на таа земја.

Меѓутоа, Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и истакнува дека нејзината безбедност е загрозена од тежнеењето на НАТО да ја вовлече Украина во Алијансата, поради што Русија побара од САД и НАТО безбедносни гаранции, вклучително и непроширување на Алијансата кон исток.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата
- Реклама -